Пребарај

Отворен повик за интеграциските работилници на 1. Фестивал на инклузија

Здружението Икуалити го отвора повикот за учесници на Интеграциските работилници за креативно изразување и комуникацски вештини кои ќе се одржат во рамки на Фестивалот на инклузија, подржан од Општина Аеродром и Град Скопје, на 24 октомври 2022 година во Тренд гастро бар – Општина Аеродром.

Првата Интеграциска работилница за креативно изразување ќе се одржи од 12:00 до 15:00 часот, во која учество ќе земат лица со попречености и без попречености, на возраст од 7 до 18 години со нивни придружници.

Втората работилница за Комуникациски вештини преку дружење со лица со оштетен вид и слух ќе се одржи од 16:00 до 18:00 часот, во која учество ќе земат лица без попреченост, на возраст од 18 до 50 години.

Ве покануваме да се пријавите за учество на Интеграциските работилници за креативно изразување и комуникацски вештини на маил адресата equalityskopje@gmail.com со име, презиме, возраст, контакт број и посочување за која работилница пријавувате учество.

Краен рок за пријавување е заклучно со 22 октомври 2022 година.

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.