Во рамки на меѓународниот проект INCLUDE – Инклузивно лидерство и демократско учество на лицата со попреченост, Здружението Икуалити спроведе истражувачки активности насочени кон идентификување на бариерите, предизвиците и добрите практики за активно учество на лицата со попреченост во јавниот, граѓанскиот и политичкиот живот во Северна Македонија.
Истражувањето опфати анализа на постојната законска и институционална рамка, фокус групи со 9 лица со попреченост и консултации со 22 претставници на институции и организации. Собраните информации и искуства се обработени во четири документи:
Национално деск-истражување – преглед на законската рамка, состојбите, постојните бариери и позитивните практики.
Извештај од фокус групите – непосредни искуства, потреби и препораки на лицата со попреченост.
Извештај од институционалните консултации – институционални перспективи, предизвици и можности за подобрување на инклузивното учество.
Национален збирен извештај – интегрирана анализа на наодите и препораки за понатамошно дејствување.
Клучниот заклучок е дека вистинската инклузија не завршува со присуство на состаноци и консултации, туку подразбира реално влијание врз одлуките што ги засегаат лицата со попреченост.
Резултатите ќе послужат како основа за развој на практични алатки и прирачник за инклузивна застапеност, со цел зајакнување на лидерските капацитети на лицата со попреченост и унапредување на институционалните механизми за нивно активно вклучување.
Во продолжение се достапни четирите документи, со деталните наоди, анализи и препораки од истражувањето.
Проектот INCLUDE е финансиран од Европската Унија, преку програмата CERV.
