Дома › Форуми › Колички – искуства, препораки, резервни делови › Активни колички › Kоличка од „Славеј“ – опасна по жив
Ознака: Активна количка, Дефектна количка, Инвалидска количка, Славеј
- Оваа тема има 1 reply, 2 voices и е последно ажурирана пред 4 weeks.
-
AuthorПостови
-
-
11 декември 2025 at 13:01 #6888
Darko Stojanovski
KeymasterПоздрав на сите.
Го отворам овој муабет за да споделам нешто што ми се случи, а според мене е сериозен проблем што може да му се случи на секој што користи ортопедски помагала.
Во септември 2025 добив индивидуално изработена активна инвалидска количка од ортопедската куќа „Славеј“, преку ФЗОМ.
Оваа количка требаше да биде направена според моите точни мерки, агли, тежина и начин на движење. Но уште од првиот ден беше јасно дека нешто не е во ред.
Количката е: нестабилна, се превртува нанапред на најмало запче и реално е опасна по мојата безбедност.
Паднав неколку пати поради нејзината нестабилност. Последниот пад заврши со болничко лекување. Не станува збор за „неприлагодување“ или „навика“ – количката физички не е изработена правилно, ниту безбедно.Што направи „Славеј“?
Кога ги информирав: Пробаа да ја прилагодат со тоа што ги поместија задните тркала наназад а предните ги подигнаа но стабилноста не се подобри, тврдеа дека „немало што да се поправи“, одбија да поднесат барање за сторнирање на сретствата, и не сакаа да признаат дека количката е небезбедна.
Но вистината е дека активните колички не се готов производ – секоја е уникатна и изработена по мерка.
Ако мерките или аглите се погрешни, количката станува дефектна конструкција, а не „корисничка грешка“.Институциите?
Поднесов пријави насекаде.
ФЗОМ призна нешто шокантно: во телефонски разговор ми кажаа дека немаат законска одредба што им дозволува да направат увид во индивидуално помагало, ниту да проверат безбедност.
Со други зборови: ако добиеш погрешно направена количка која те повредува — државата нема механизам да провери, да потврди или да те заштити. Одговорот што ми го дадоа е чисто административен, без проценка на реалната состојба.Каде сум сега?
Чекам инспекциски надзор од Пазарен инспекторат.
Славај и понатаму тврдат дека „се е во ред“, иако паднав поради количката.
Моментално не можам да ја користам, затоа што реално е опасна.
ФЗОМ дури ми кажа дека „ќе провереле дали има некоја вратена количка што би ми одговарала“ — што не е законска процедура, ниту ја решава суштината: Славеј испорачале дефектно помагало.Што очекувам тука?
Сакам да слушнам:
– дали има некој што имал слично искуство со ортопедската куќа,
– дали некој имал проблем со погрешно изработена количка,
– дали некој поминал низ слична институционална „пинг-понг“ ситуација,
Ова не е обична грешка. Кога количка е дефектна, тоа е директна закана за здравјето. А државата нема механизам да ја провери безбедноста — тоа е сериозен системски пропуст.За овој случај веќе објави и здружението Икуалити, и нивната објава може да ја прочитате на следниот линк:
https://www.facebook.com/share/p/17dVAUiwjs/Фала секому што ќе прочита и ќе сподели мислење.
-
Оваа тема беше променета пред 1 month, 1 week од
Darko Stojanovski.
-
Оваа тема беше променета пред 1 month, 1 week од
-
24 декември 2025 at 18:29 #6977
Rstsr
ParticipantВо ова поле можете да дадете одговор на темата и на тој начин да споделите искуства со членовите на нашата заедница, со цел заедно да придонесеме кон олеснет пристап до корисни информации.
-
-
AuthorПостови
- Мора да си најавен да одговориш на оваа тема.