Здружение Икуалити бара нов член на тимот, кој ќе се вклучи во заедничкото создавање на позитивни промени во општеството во рамки на проектот ЗЕН 2.0 Караван.
За нашите проекти можете да се информирате на нашиот сајт: www.equality.agency
За работниот ангажман
Неделна работа – до 30 часови (скратено работно време)
Временска рамка – минимум 15 месеци (oд јули 2023 год.)
Пробен период – 30 дена
Квалификации и вештини
- Завршено високо образование
- Најмалку една година искуство во областа на работа на проекти – администрирање и имплементација (невладини организации; комерцијални или владини се дополнителна предност)
- Искуство во собирање и обработка на податоци и пишување на извешати од спроведувањето на тековни проекти на Здружението Икуалити
- Желба за работа со таргетираните групи – млади и амбициозни луѓе од целата држава во духот на тимска работа и заедништво
- Висока комуникациска култура и одлични организациски вештини
- Способност да управува и планира со проектни активности
- Одлично познавање на македонски и ангиски јазик, познавање на јазик на останатите заедници е предност
- Искуство во изработка на проектни апликации
- Познавање на алатки за управување и имплементација со проекти (Microsoft Office, ZOOM и слични алатки за интернет комуникација и управување со проекти)
- Поседување возачка дозвола ќе се смета за предност
Задолженија
- Комуникација со таргетираните групи – млади лица од целата територија на државата, претставници од локална самоуправа, централна власт и бизнис заедницата
- Развој и управување со ангажманот на волонтерска мрежа
- Логистичка поддршка за време на спроведување на проектните активности на Здружението Икуалити (јавни презентации, работилници, вмрежувања)
- Презентација на проектите на Здружението Икуалити во рамки на проектните активности и на надворешни настани
- Вклучување и соработка со останатите лица од тимот, задолжени со имплементирање, маркетинг, финансиско работење
- Асистирање при координирање на спроведувањето на проектите на Здружението Икуалити
- Помош при прибирање, обработка на податоци за мониторинг и евалуација на проектите, спроведување на анализи, како и при известување преку периодичните извештаи
- Иницирање соработка со вклучените страни во рамки на проектите на Здружението Икуалити или потенцијални партнерства и мрежи со надворешни страни
- Подготовка на патни налози, вирмански уплати и слични административни задачи
Пријавa – Биографија и кратко мотивациско писмо или видео доставете на equalityskopje@gmail.com
Рoк – 12 јули 2023 година