Пребарај

Отворен повик за работилница за арт-терапија – Магијата на Преспа

Здружението Икуалити и Здружението Иднина на традицијата ве покануваат на учество во првата работилница „Вдиши уметност“, како дел од проектот „Магијата на Преспа“.

Проектот „Магијата на Преспа“ има за цел да развие нови туристички производи кои ќе ја трансформираат туристичката понуда и ќе допринесат кон обновување и одржување на потенцијалите и ресурсите на Преспанскиот регион, развивајќи поширока и модерна туристичка понуда за различен тип на туристи и посетители, како и подигнување на квалитетот на живеење и за локалното население.

Датум: 04.07.2026 (сабота)

Време: 11:00-13:00 ч.

Место: „Иднина на традицијата“. Ресен

ШТО НУДИМЕ?

Запознавање со концептот на арт-терапија и нејзината улога во личната благосостојба, релаксирачко искуство во инклузивна групна атмосфера, работа со различни уметнички техники, инспирација од природните ресурси и убавините на Преспанскиот регион, поттикнување на лична експресија, креативност и емоционална релаксација.

КАКО ЌЕ ИЗГЛЕДА ДОЖИВУВАЊЕ?

11:00–11:10 – Добредојде, запознавање и опуштен воведен круг

11:10–11:20 – „Вдиши ја Преспа“ — водено дишење и момент за смирување

11:20–11:30 –  Кратка инспиративна приказна за езерото, птиците, планините, светлината и локалната традиција

11:30–11:45 – Боите на твојот ден — креативна вежба за личен израз

11:45–12:25 – Главен креативен процес: твојата интерпретација на Преспа преку бои, колаж, симболи и природни мотиви

12:25–12:40 – Завршни детали, наслов и лична порака за твојот уметнички спомен

12:40–12:55 – Мала изложба, споделување и нови поврзувања

12:55–13:00 – Затворање и заедничка фотографија, со согласност на учесниците

Нема оценки. Нема погрешен начин. Само простор да дишеш, да создаваш и да ја почувствуваш магијата на Преспа со сите сетила. 

КАКО ДА СЕ УЧЕСТВУВА?

Работилницата е отворена за деца и млади од 14 до 29 годишна возраст. Пријавете се на е-пошта: equalityskopje@gmail.com со посочување на име, презиме, возраст и контакт број. Доколку лицето е придружувано од родител/старател, да се наведе име,презиме и контакт број од придружникот. 

Краен рок за пријавување заклучно со 30.06.2026 година

Повеќе информации за работилницата и за проектот „Магијата на Преспа“ може да добиете на нашите профили на Инстаграм и Фејсбук.

Проектот е дел од програмата #EuforPrespa, поддржана од Delegation of the European Union to North Macedonia, a реализирана од УНДП во партнерство со другите вклучени страни.

Ве очекуваме, заедно да креираме простор кој негува благосостојба, поврзување и заедништво!

Пријавување за работилницата за 10 лица:

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.