Во изминатиот период актуелна е темата за набавка на нови автобуси за Јавното претпријатие ЈСП Скопје. За таа цел поднесовме барање, заедно со нашите поддржувачи, за набавка на пристапни автобуси за лицата со попреченост.
Во барањето ги истакнавме повеќето проблеми со кои се соочуваме сите што патуваме со автобусите на ЈСП Скопје, како и можните решенија тие да се надминат преку набавка на пристапни автобуси за сите.
Многумина од нас се соочиле со различни проблеми и непријатни ситуации при користење на автобусите на ЈСП Скопје. Затоа сакаме на овој форум да ја отвориме оваа тема, каде што секој ќе може да ги сподели своите искуства — било непријатни или позитивни — со јавниот превоз.
На тој начин ќе добиеме подобар увид во предизвиците со кои се соочуваат патниците, имајќи предвид дека сите имаме различни потреби и искуства.