- Оваа тема има 2 replies, 3 voices и е последно ажурирана пред 3 months, 3 weeks.
Viewing 2 reply threads
Viewing 2 reply threads
- Мора да си најавен да одговориш на оваа тема.
Дома › Форуми › Forum ZEN 2.0 Caravan › Предлози на серија предизвици – Форум 4 Кум.
Јас би предложила да се зголеми бројот на едукативни работилници, со цел да се подигне свеста на народот за некои важни теми како што се инклузија, менталното здравје, екологија и слично, а со организирање на вакви работилници и обуки сметам дека ќе дојде до поголема сплотеност кај луѓето што би резултирало со заеднички напредок во општеството. На тој начин сакам да видам напредок во себе, т.е повеќе да учествувам во работилници и обуки со цел да се опуштам и да пробаме сите заедно да смениме нешто, а од проектот очекувам да го овозможи тоа и да се обиде ја подигне свеста на што повеќе луѓе и во што повеќе општества.
Јас како граѓанин прво би сакала да се среди проблемот со кучињата скитници кои постојано се множат или луѓето ги фрлаат, на локално ниво и пошироко на државно да можеме сите пак и јас како лице со попреченост да се движам побезбедно и сигурно. Постојано слушаме на телевизија разни приказни со напади и мали деца кои се нападнати. Ние сите можеме да придонесеме да се среди проблемот со воведување на казни за фрлање на кучиња на улицa, намалување на цените на кастрација за да не се размножуваат, потпишување на петиции, донирање за отворање на центар за вдомување на кучињата скитници.
Јас од себе очекувам да зајакнам како самостојна и храбра личност, да се чувствувам дека можам да допринесам нешто во општеството како единка.
Од проектот очекувам исто така да успееме заеднички барем еден проблем да решиме, дружење и нови контакти.
© 2025 Сите права се резервирани. Изработено од WebPigment
Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.