Пребарај

Предлози на серија предизвици – Форум 3 Бит.

Дома Форуми Forum ZEN 2.0 Caravan Предлози на серија предизвици – Форум 3 Бит.

Viewing 4 reply threads
  • Author
    Постови
    • #5193

      Сакам да (што сакаш лично да направиш?)______, за да (кое е општественото влијание кое сакаш да се постигне?)________.

      Каков напредок сакаш да видиш во самиот/ самата себе, а каков во проектот?

    • #5194
      Vesna T.
      Participant

      Сакам да го искористам своето програмерско знаење, за да се олесне живото на сите, но најбитно луѓето со попречености.
      Би предлагала фокус на дигитално решение, делумно зошт такво решение би ми пружило шанса да го изградам своето професионално знаење, но повеќе затоа што мислам дека тука можам да направам најголем импакт.
      Една од идеите што ја имав е правење на аппликација за закажување специфично за лица со попречености која прво замислував дека би се користела во локали, но реално може за комуницирање за секакви термини. Сакав оваа апликација да ја олесне комуникацијата за специфични потреби кои ги имаат различни лица. Доколку би можеле и локалите да ги снабдиме со опрема би било уште подобро, но во најмала рака можеме да воспоставиме слободна комуникација помеѓу вработените и оние лица кои имаат посебни потреби. Со тоа се надевам дека би ги поканиле сите да учествуваат во забавниот живот во Битола затоа што на секој му треба и секој заслужува забава.
      Другата идеа која беше спомната во разговор со членовите од тимот е можеби и подобра – предлогот беше да се постави фокус на јавниот траспорт на Битола. Доколку е возможно да се ажурираат рутите за авробусите на Google Maps. Доколку тоа не можи има сепак и опции за правење на апликација слична на ЈСП – Скопје или некаков чет бот пример на месенџер кој може да те информира за кога идат кои автобуси на дадена постојка.

    • #5196

      Сакам да го искористам моето техничко познавање и познавање за дизајн за да се креира дигитално решение за личности со попреченост.
      Бидејќи и јас сум програмер би сакал да се надоврзам на одговорот пишан од Весна. Идејата околу фокусирање и ажурирање на рутите за јавен превоз во Битола, мислам дека е добро, дури и да направиме апликација која ќе биди лесна за користење за лица со различни попречености. Уште една идеја би било да собереме најмногу што можиме информации за локали, продавници и други места во градот и да чуваме податоци за каква е пристапноста до тие места, со ова би можеле да креираме некакво решение каде што лица со посебни потреби можат да се информираат за пристапноста на овие локации. Напредокот што би сакал да го видам кај себе е тоа што ќе добијам поголема перспектива за потребите на лицата со попреченост и ќе стигнам до поголемо разбирање за нивните секојдневни потешкотии.

    • #5197
      daskalotBT
      Participant

      Јас би сакал да се уреди јавниот превоз во мојот град, во најмала рака на апликациите како Google maps, да пиши јасно каде поминууваат автобусите и во колку часот. Секако, би им помогнал и на другарите што наведија горе за дигитално решение за личности со попреченост иако немам големо познавање од програмирање сепак мислам можам да придонесам на некој начин.

    • #5493
      Marija Stoilkovska
      Participant

      Јас како граѓанин прво би сакала да се среди проблемот со кучињата скитници кои постојано се множат или луѓето ги фрлаат, на локално ниво и пошироко на државно да можеме сите пак и јас како лице со попреченост да се движам побезбедно и сигурно. Постојано слушаме на телевизија разни приказни со напади и мали деца кои се нападнати. Ние сите можеме да придонесеме да се среди проблемот со воведување на казни за фрлање на кучиња на улицa, намалување на цените на кастрација за да не се размножуваат, потпишување на петиции, донирање за отворање на центар за вдомување на кучињата скитници.
      Јас од себе очекувам да зајакнам како самостојна и храбра личност, да се чувствувам дека можам да допринесам нешто во општеството како единка.
      Од проектот очекувам исто така да успееме заеднички барем еден проблем да решиме, дружење и нови контакти.

Viewing 4 reply threads
  • Мора да си најавен да одговориш на оваа тема.

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.