Пребарај

Одговори на: Предлози на серија предизвици – Форум 4 Кум.

Дома Форуми Forum ZEN 2.0 Caravan Предлози на серија предизвици – Форум 4 Кум. Одговори на: Предлози на серија предизвици – Форум 4 Кум.

#5495
Marija Stoilkovska
Participant

Јас како граѓанин прво би сакала да се среди проблемот со кучињата скитници кои постојано се множат или луѓето ги фрлаат, на локално ниво и пошироко на државно да можеме сите пак и јас како лице со попреченост да се движам побезбедно и сигурно. Постојано слушаме на телевизија разни приказни со напади и мали деца кои се нападнати. Ние сите можеме да придонесеме да се среди проблемот со воведување на казни за фрлање на кучиња на улицa, намалување на цените на кастрација за да не се размножуваат, потпишување на петиции, донирање за отворање на центар за вдомување на кучињата скитници.
Јас од себе очекувам да зајакнам како самостојна и храбра личност, да се чувствувам дека можам да допринесам нешто во општеството како единка.
Од проектот очекувам исто така да успееме заеднички барем еден проблем да решиме, дружење и нови контакти.

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.