Дома › Форуми › Forum ZEN 2.0 Caravan › Предлози на серија предизвици – Форум 3 Бит. › Одговори на: Предлози на серија предизвици – Форум 3 Бит.
Јас како граѓанин прво би сакала да се среди проблемот со кучињата скитници кои постојано се множат или луѓето ги фрлаат, на локално ниво и пошироко на државно да можеме сите пак и јас како лице со попреченост да се движам побезбедно и сигурно. Постојано слушаме на телевизија разни приказни со напади и мали деца кои се нападнати. Ние сите можеме да придонесеме да се среди проблемот со воведување на казни за фрлање на кучиња на улицa, намалување на цените на кастрација за да не се размножуваат, потпишување на петиции, донирање за отворање на центар за вдомување на кучињата скитници.
Јас од себе очекувам да зајакнам како самостојна и храбра личност, да се чувствувам дека можам да допринесам нешто во општеството како единка.
Од проектот очекувам исто така да успееме заеднички барем еден проблем да решиме, дружење и нови контакти.