Дома › Форуми › Forum ZEN 2.0 Caravan › Предлози на серија предизвици – Форум 3 Бит. › Одговори на: Предлози на серија предизвици – Форум 3 Бит.
Сакам да го искористам своето програмерско знаење, за да се олесне живото на сите, но најбитно луѓето со попречености.
Би предлагала фокус на дигитално решение, делумно зошт такво решение би ми пружило шанса да го изградам своето професионално знаење, но повеќе затоа што мислам дека тука можам да направам најголем импакт.
Една од идеите што ја имав е правење на аппликација за закажување специфично за лица со попречености која прво замислував дека би се користела во локали, но реално може за комуницирање за секакви термини. Сакав оваа апликација да ја олесне комуникацијата за специфични потреби кои ги имаат различни лица. Доколку би можеле и локалите да ги снабдиме со опрема би било уште подобро, но во најмала рака можеме да воспоставиме слободна комуникација помеѓу вработените и оние лица кои имаат посебни потреби. Со тоа се надевам дека би ги поканиле сите да учествуваат во забавниот живот во Битола затоа што на секој му треба и секој заслужува забава.
Другата идеа која беше спомната во разговор со членовите од тимот е можеби и подобра – предлогот беше да се постави фокус на јавниот траспорт на Битола. Доколку е возможно да се ажурираат рутите за авробусите на Google Maps. Доколку тоа не можи има сепак и опции за правење на апликација слична на ЈСП – Скопје или некаков чет бот пример на месенџер кој може да те информира за кога идат кои автобуси на дадена постојка.