Пребарај

Одговори на: Предизвик со голем број на улични кучиња

#4705
mila
Participant

Проблемот со кучињата-скитници во градот Гостивар претставува еден од најголемите проблеми меѓу жителите, па затоа предлагам истиот да се реши со зголемување на веќе постоечкиот стационар(кој не е во функција). Според информациите на интернет и тоа што се слуша низ градот, стационарот е отворен во 2019г. и има капацитет за 800-1000 кучиња. Како што кажав, пооради тоа што веќе не е во функција моето мислење е да де направи кампања која ке ја подигне свеста кај граѓаните до цел сите да помогнат финансиски. Секој кој е во можност да донира псрични средства на Х сметка, на штандови кои ќе бидат поставени низ градот итн. Со собраните средства да се доизгради стационарот и да де зголеми капацитетот. Следната фаза би било донации во форма на храна, играчки, легла, волонтерски ветеринарни интервенции со цел одржување на животните.Во овој процес мислам дека би можела да помогне општината на град Гостивар.

Икуалити е Здружение за активно вклучување и соодветен третман на лицата со попреченост.