Дома › Форуми › Forum ZEN 2.0 Caravan › Форуми за менторство за млади / Forums for Mentorship for Youth › Предизвик со голем број на улични кучиња › Одговори на: Предизвик со голем број на улични кучиња
Според истражувањето што го направив во врска со оваа тема сфатив дека нема доволно,можам да кажам нема никакви соодведни служби или организации за справување со уличните кучиња. Постои само дневен центар за грижа на кучиња- Стационар,отворен во 2019 година кога проценка на бројот на кучиња изнесувал од 600 до 700 бездомни кучиња.А според последните истражувања бројот е покачен на 1000.(можеби и повеќе)
Овој стационар наводно постои физички но не е во никаква функција поради финансиски проблеми.
Еден од начините за да се справиме со овој проблем е преку спроведување на стратегијата „залови –стерилизирај – вакцинирај-врати“ на бездомните кучиња и сите кучиња кои се затекнати слободни на улица.Оваа стратегија била применета во 2023 и наводно ќе се примени и оваа година.
Според мене најдобар начин за справување со овој проблем е повторно функционирање на стационарот доколку не е во функција но овој пат сите граѓани во општина Гостивар да бидат известени со цел да можат да помогнат. Ангажирањето на граѓаните во грижата за кучињата скитници би било како на пример преку волонтерски програми, со цел да се обезбеди поддршка и ресурси за овие животни.
Би помогнале така што секој од нас би донирал средства како храна,играчки и слично со цел и бездомните кучиња да можат да преживеат.А во исто време со тоа би се намаил или сосема би се решил проблемот со нападот врз граѓаните од страна на кучињата скитници бидејќи овој проблем е сериозен речиси да нема ден,а да не се слушне дека имало таков напад.
Така да решението на овој проблем би имало двојна вредност од една страна би се заштитиле кучињата скитници, а од друга страна би се заштитила сигуноста на граѓаните од уличните кучиња.